Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 157.982 статии на македонски јазик и 333 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на оганот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 14 јануари 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1914  Хенри Форд, „крал на американската автомобилска индустрија“, ја пушти во работа првата бескрајна производна лента. Тоа значеше пресвртница, бидејќи го забрза производството на автомобили и придонесе за големо намалување на нивната цена.
1969  Во СССР се лансирани во вселената бродовите „Сојуз-4“ и „Сојуз-5“ и за првпат во историјата е формирана експериментална вселенска станица и е остварено преминување на астронаутите од еден во друг вселенски брод.
1994  Фудбалскиот сојуз на Македонија стана придружен член на Европскиот фудбалски сојуз.

Родени:

1854  Војтех Хинаис — чешки сликар и графичар.
1860  Атанас Бадев — македонски композитор и музиколог.
1861  Мехмед VI — отомански султан.
1875  Алберт Швајцер — француски хуманист, лекар, филозоф и музичар.
1906  Васил Хаџиманов — македонски етномузиколог и педагог.
1914  Паскал Паскалевски — македонски поет.
1925  Јукио Мишима — јапонски писател.
1929  Александар Петровиќ — српски и југословенски филмски режисер.
1930  Љубица Дамјановска — македонска историчарка на уметноста.
1930  Кени Вилер — канадско-британски џез-музичар.
1931  Мануел Галбан — кубански гитарист.
1933  Јозо Т. Бошковски - Јон — македонски писател.
1953  Радмила Живковиќ — српска глумица.
1955  Диминик Рошето — француски фудбалер.
1967  Емили Вотсон — англиска глумица.
1968  Зоран Маџиров — македонски музичар.
1969  Дејвид Грол — американски рок-музичар, член на групата „Нирвана“.
1981  Сергеј Лагутин — узбекистански велосипедист.
1983  Максим Монфор — белгиски велосипедист.
1993  Марија Ласицкене — руска атлетичарка.
1999  Емерсон Ројал — бразилски фудбалер.
2000  Џонатан Дејвид — канадски фудбалер.

Починале:

1742  Едмунд Халеј — англиски астроном и геофизичар.
1833  Готлоб Ернст Шулцегермански скептички филозоф.
1945  Густав Касел — шведски економист.
1957  Хемфри Богарт — американски глумец.
1986  Дона Рид — американска филмска и телевизиска артистка.
2017  Саша Николовски - Ѓумар — мекедонски диригент.
2019  Павел Адамович — полски политичар.
Издвоен цитат
Image

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот
Image
Воз на запчена железница од Клајне Шајдег за Венгералп, Швајцарија.
Дали сте знаеле...


Карта на Бангладеш
Карта на Бангладеш


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 157.982 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Image Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Image Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Image Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Image Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Image Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Image
Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Image
Викиизвор — збирка на дела и книги
Image
Викивести — вести од светот
Image
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Image
Викицитат — збирка на цитати
Image
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Image
Викивидови — именик на видови
Image
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Image
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Image
Википодатоци— база на слободни знаења
Image
Википатување — туристички водич