Огласи

Конкурси

Соопштенија

Mетодно-показна вежба – симулација на дисциплинска постапка во Армијата

20.01.2026
Денес, на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, се реализираше методно-показна вежба – симулација на дисциплинска постапка во Армијата, од страна на слушателите на КОфСл.

Предавања од страна на експерти од македонската правосудна практика

15.01.2026
Денес пред питомците и студентите на Воената академија, беа одржани интерактивни предавања од страна на експерти од македонската правосудна практика. Предавањата ги одржаа јавната обвинителка од Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Спасенка Андонова и судијата Ненад Савески од Основен кривичен суд Скопје, одделение за организиран криминал и корупција.

Размена на питомци преку Erasmus+ со Кралството Норвешка

13.01.2026
Во рамките на долгогодишната и успешна меѓународна соработка, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, придружна членка на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, продолжува со реализација на традиционалната размена на питомци преку програмата Erasmus+ со Кралството Норвешка. Активноста придонесува за размена на знаења и искуства, унапредување на интернационалната соработка и зајакнување на професионалните капацитети на идните офицери.

Бесплатна интернет зона наменета за питомците и студентите на Академијата.

31.12.2025
Денес на Воената академија беше пуштена во употреба бесплатна интернет зона наменета за питомците и студентите на Академијата. Овој зафат е резултат на соработката помеѓу Министерството за одбрана и Министерството за дигитална трансформација. Со оваа иницијатива не само што се модернизираат техничките капацитети, туку се создаваат и современи услови за непречено учење и професионален развој на идните кадри во системот за одбрана.

Унапредување на питомци во повисок чин

26.12.2025
Деканот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, полковник проф. д-р Ненад Танески, изврши унапредување на питомците од втора, трета и четврта година во повисок чин, согласно постигнатите резултати во академските и военостручните активности. Унапредувањето претставува признание за нивната посветеност, дисциплина и континуиран успех, како и поттик за понатамошен професионален и офицерски развој.

Почетокот на магистерските студии во учебната 2025/26

25.12.2025
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на ден 24.12.2025 година реализираше активност поврзана со почетокот на магистерските студии во учебната 2025/26. Активноста беше посветена на информирање за тековниот наставно-образовен процес на вториот циклус на студии и усогласување на активностите поврзани со реализацијата на наставата кое го истакна Раководител на Секторот за втор и трет циклус на ВА, проф. д-р Зоран Јовановски, полк.

Реализирана теоретска и практична обука за справување со елементарни непогоди

17.12.2025
На Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, беше реализирана теоретска и практична обука со питомците од прва и втора година од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, насочена кон справување со елементарни непогоди, вклучувајќи пожари, земјотреси и поплави.