Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 157.973 статии на македонски јазик и 340 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на оганот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 13 јануари 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

532  Бунтот Ника во Цариград.
1610  Галилео Галилеј го открил Ганимед, четвртиот сателит на Јупитер.
1785  Џон Волтер во Лондон го објавил првиот број на „Тајмс“ (The Times).
1898  Емил Зола во парискиот весник „Аурора“ го објавил написот „Обвинувам!“ со кој ја обелоденил аферата Драјфус и ја обвинил француската влада за дискриминација на Евреите.
1938  Англиканската црква ја прифатила теоријата за еволуцијата на живиот свет.
1953  Јосип Броз Тито е избран за претседател на Југославија.

Родени:

1806  Јован Стерија Поповиќ — српски писател.
1864  Вилхелм Вин — германски физичар и нобеловец, познат по неговиот закон за топлинското зрачење на апсолутните црни тела.
1869  Иво Ќипико — српски писател.
1876  Ерхард Шмит — германски математичар.
1888  Назим Хикмет — турски писател и револуционер.
1898  Живоин Павловиќ — југословенски комунист.
1920  Христо Стамболиев — еден од основачите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и негов прв декан.
1929  Џо Пас — американски гитарист.
1953  Јордан Витанов — македонски глумец.
1955  Пол Кели — австралиски рок-музичар.
1970  Шонда Рајмс — американски сценарист, режисер и продуцент.
1972  Виталиј Шчербо — белоруски и советски гимнастичар.
1977  Орландо Блум — англиски глумец.
1982  Драган Чадиковски — македонски фудбалер.
1983  Џовани Висконти — италијански велосипедист.
1987  Даниел Ос — италијански велосипедист.
1988  Милош Биковиќ — српски и руски глумец.
1989  Александар Минченков — руски фудбалер.
1994  Василије Мициќ — српски кошаркар.
1997  Луис Дијас — колумбиски фудбалер.

Починале:

1625  Јан Бројгел Постариотфламански сликар, син на познатиот уметник Питер Бројгел Постариот.
1943  Благој Страчковски — македонски народен херој, учесник во НОБ.
1977  Жорж Клузо — француски филмски режисер и сценарист.
1979  Дони Хатавеј — американски џез и блуз музичар.
1984  Вера Циривири Трена — носител на „Партизанска споменица 1941“, прв претседател на АФЖ на Македонија.
1994  Добри Ставревски — македонски пејач.
1994  Горан Ивандиќ — српски и југословенски рок-музичар, член на групата „Бијело дугме“.
2002  Антоние Исаковиќ — српски писател и академик.
2007  Мајкл Брекер — американски џез-музичар.
2012  Миљан Миљаниќ — српски и југословенски фудбалски тренер и функционер.
2021  Силвејн Силвејн — американски рок-музичар.

Празници:

*  Василица. Според православната вера на овој ден се пали оган се крши лепче со паричка, се топли ракија. Кај кого ќе падне паричката тој е кум за следната Василица.
Издвоен цитат
Image

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот
Image
Поглед од Астрономскиот видиковец Сикасумбре на островот Фуертевентура, Канарски Острови.
Дали сте знаеле...


Карта на Бангладеш
Карта на Бангладеш


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 157.973 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Image Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Image Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Image Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Image Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Image Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Image
Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Image
Викиизвор — збирка на дела и книги
Image
Викивести — вести од светот
Image
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Image
Викицитат — збирка на цитати
Image
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Image
Викивидови — именик на видови
Image
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Image
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Image
Википодатоци— база на слободни знаења
Image
Википатување — туристички водич