Прејди на содржината

Главна страница

Од Wikisource

Image Image Image


Имаме 3.345 текстови на македонски јазик.
категории · песок· помош · индекс · портал · авторски права · администратори
Image

Image „Во македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик“ гласи едната реченица (од две) на најбитната одлука на историскиот состанок во мaнастирот „Св. Прохор Пчињски“, 2 август 1944-та г. Всушност, оваа реченица исто така ги маркира координатите на нашата наука, на македонистиката: „народниот јазик“ како основата, „службениот јазик“ како, речиси, надградбата од која истекуваат сите форми на поновата македонска писменост: административната комуникација, новинарството, книжевноста, лекискографијата итн. И секундарната последица на Прохор Пчињски е дека дури од тогаш ние, меѓународните македонисти, во целата длабочина и широчина можеме да се занимаваме со македонскиот јазик.

Меѓутоа, едно прашање притоа гласи, како нашите „предци“, поранешните македонисти, го гледаа и го третираа јазикот на Македонците. Одговорот ни дава бројни податоци за стручниот и личниот профил на оние што далеку пред нас ги истражувале приликите во Македонија. Тоа важи пред сѐ за Германците, кои порано од други се заинтересирале за Македонците и се занимавале со нив, иако повеќето од нив всушност немале ни слух ни осет за едноставниот факт дека живи луѓе го зборуваат својот жив јазик. Токму со оглед на македонскиот јазик, можеме да откриеме неколку различни типови кај раните германски Македонисти што беа активни на крајот на 19 и на почетокот на 20 век. Првиот тип е оној ефикасен, лојален и досаден германски чиновник што може добро да работи во која било земја, но секогаш останува, речиси, „дома“, значи, во тесниот круг на својот германски уред, клуб, пејачко друштво, крчма. Овој тип беше претежно присутен во редовите на германските наставници и свештеници што работеа во странство, на пример во Цариград или Солун. (Повеќе...)

Image
Image



Кон Македонците


Мили Македонци, кај и да одите,
Не заборавајте кај сте се родиле!
Другари искрени мои, запомнете:
По пари не се лакомете!
Повеќе разум и повеќе чест!
Кон својте маки вие свртете се,
Љубов во душата внесете.
Вашите убости читак ги милува,
Сестрите ваши ви ги силува.
Плодете мисли и сознанија,
Доста со солзи, плач, риданија-
Одвеќе трпевме, но дојде час
Дружно да тргнеме напред кон спас;
Во револуција да се кренеме,
Сите да викнеме: Светот џенем е!

Прочитај повеќе...

  
Image

Image

на Викиизвор на македонски јазик
— слободна библиотека која секој може да ја подобри!

Викиизвор е достапна библиотека за слободни публикации, собрани и подобрени од нашата заедница.

Како да уредувам? Започнете со нашиот вовед, а потоа можете да ги погледнете и следните страници: почетен курс, прашања, азбучен индекс и нови статии.

Image

Image

А · Б · В · Г · Д · Ѓ · Е · Ж · З · Ѕ · И
Ј · К · Л · Љ · М · Н · Њ · О · П · Р
С · Т · Ќ · У · Ф · Х · Ц · Ч · Џ · Ш

страници · нови страници · категории
Image

Image

Викиизвор е проект на фондацијата Викимедија, непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Image
Википедија
Слободна енциклопедија
Image
Заедничка ризница
Заедничка медиумска колекција
Image
Викивести
Извор на вести со бесплатна содржина
Image
Викиречник
Речник и лексикон
Image
Викицитат
Збирка цитати
Image
Викикниги
Бесплатни учебници и прирачници
Image
Викивидови
Директориум на видови
Image
Викиуниверзитет
Слободни материјали и активности за учење
Image
Мета-Вики
Координација на проектот „Викимедија“
Image

Image