Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 165.936 статии на македонски јазик и 333 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Image

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмарк — македонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме“, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 3 ноември 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1903  Со поддршка на САД, Панама прогласила независност од Колумбија. Претседателот на САД, Теодор Рузвелт не сакал да ѝ плати на Колумбија колку што барала за САД да изградат канал помеѓу Атлантскиот и Тихиот Океан. Следната година, во договор со новата влада на Панама, САД ја започнале изградбата на Панамскиот Канал.
1906  Германскиот психијатар Алојз Алцхајмер го објавил извештајот за болеста која подоцна била наречена по него.
1918  Во Падова, Италија, Австроунгарија војска потпиша капитулација, со што практично се распадна кралството Австроунгарија.
1944  На предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на АСНОМ донел решение за отворање на гимназии во градовите: Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид.
1944  Во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.
1951  Со посебна уредба на владата на НР Македонија е формиран Отсекот за правни науки при Правно-економскиот факултет во Скопје. На 1 јули 1956 година, Отсекот за правни науки се одвоил како посебна високообразовна институција.
1965  Излегол првиот број на весникот на Општина Прилеп „Народен глас“.
1970  Салвадор Аљенде ја презел должноста претседател на Чиле, како прв марксист во западната полутопка, избран на слободни избори.
1992  Генералниот конзул на Сојузна Република Германија во Скопје, Ханс Лотар Штепан, преку Министерството за односи со странство, ја известил Владата на Република Македонија, дека позитивно го решила нејзиното барање за отворање на Генерален конзулат на РМ во Бон.
1993  Република Македонија добила статус на набљудувач во ГАТТ - Меѓународен договор за трговија и царински тарифи.
2004  Републиканецот Џорџ Буш, по вторпат е избран за претседател на САД. На должноста стапил на 20 јануари 2001 г.

Родени:

1500  Бенвенуто Челини — италијански вајар, златар и сликар.
1749  Даниел Радерфорд — шкотски физичар и хемичар.
1801  Винченцо Белини — италијански композитор.
1901  Леополд III — крал на Белгија.
1901  Андре Малро — француски писател, теоретичар и министер за култура.
1936  Рој Емерсон — австралиски тенисер.
1945  Герд Милер — германски фудбалер.
1949  Лари Холмс — американски боксер.
1963  Ијан Рајт — англиски фудбалер.
1971  Унаи Емери — шпански фудбалер и тренер.
1979  Пабло Ајмар — аргентински фудбалер.
1986  Максим Буе — француски велосипедист.
1992  Вили Орбан — унгарски фудбалер.
2000  Сержињо Дест — американски фудбалер.

Починале:

1954  Анри Матис — француски сликар и вајар.
1988  Круме Кепески — македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата македонска граматика.
1989  Никола Солдатов — познат македонски новинар.
1995  Бојан Адамич — словенечки композитор.
1995  Гојко Зец — српски и југословенски фудбалер и тренер.
2007  Александар Дедјушко — руски глумец.
2010  Виктор Черномирдин — премиер на Русија.
2018  Сондра Локе — американска глумица.
2024  Квинси Џонс — американски музичар и продуцент.
2025  Радомир Путник — српски писател, драматург и театролог.

Празници:

* Ден на независност на Панама (1903), Доминика (1978) и Микронезија (1986).
Издвоен цитат
Image
„

„Младите имаат многу радости и многу таги, бидејќи се имаат само себе си за кого да мислат, па така секоја желва и секоја помисла добива важност. Секое задоволство е почуствувано во целост, но исто така и секоја тага, и многу кои не можат да ги исполнат своите желби, веднаш ставаат крај на својот живот.“
— „Гертруда“, Херман Хесе, 1910 год.

“
Слика на денот
Image
Портокаловоригест косторожец (Balistapus undulatus) во Црвеното Море, Египет.
Дали сте знаеле...


Првото издание на „Кулинарски водич“ од 1903 г.
Првото издание на „Кулинарски водич“ од 1903 г.


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 165.936 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Image Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Image Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Image Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Image Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Image Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Image
Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Image
Викиизвор — збирка на дела и книги
Image
Викивести — вести од светот
Image
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Image
Викицитат — збирка на цитати
Image
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Image
Викивидови — именик на видови
Image
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Image
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Image
Википодатоци— база на слободни знаења
Image
Википатување — туристички водич