Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 157.477 статии на македонски јазик и 379 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на оганот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 27 декември 2025 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1938  Во Скопје за првпат е изведена драмата „Парите се отепувачка“ од драмскиот писател Ристо Крле.
1945  Стапи во сила Договорот за основање Меѓународен монетарен фонд (ММФ), усвоен на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите нации, во јули 1944 година, во Бретон Вудс, со учество на претставници од 44 земји, а со задача да ја унапредува меѓународната трговија, да воспоставува и да одржува валутна стабилност во светот.
1949  Холандската кралица Јулијана потпиша документ со кој и е даден суверенитет на Индонезија, по повеќе од три века холандска колонијална управа.
1979  Во Авганистан е извршен државен удар со директно воено мешање на СССР. Првпат Советскиот Сојуз, изврши интервенција во земја која е членка на Варшавскиот пакт.
1992  Магазинот „Тајм“ го именува Бил Клинтон за „човек на годината“.
1993  Најмалку 26 лица загинаа, а 16 исчезнаа, како последица од тајфунот „Нел“ што ги погоди јужните Филипини.

Родени:

1571  Јохан Кеплер — германски астроном, математичар и физичар.
1717  Пиј VIримски папа.
1822  Луј Пастер — француски хемичар и биолог.
1901  Марлен Дитрих — германска и американска глумица.
1918  Христо Брашнаров — македонски гинеколог, акушер и учесник во НОБ.
1931  Џон Чарлс — велшки фудбалер.
1942  Богољуб Петровиќ — српски и југословенски глумец.
1943  Живорад Јевтиќ — српски и југословенски фудбалер.
1946  Трифун Костовски — македонски стопанственик и поранешен градоначалник на Град Скопје.
1948  Оливие Бланшар — француски економист.
1950  Роберто Бетега — италијански фудбалер.
1980  Адријана Будимир — хрватска ракометарка.
1981  Никита Алексеев — руски хокеар.
1982  Терји Скибенесгитарист на викиншката метал-група Тир од Фарските Острови.
1984  Жил Симон — француски тенисер.
1988  Хејли Вилијамс — американска пејачка, членка на групата „Paramore“.
1990  Милош Раониќ — канадски тенисер.

Починале:

1534  Антонио да Сангало Постариот — италијански архитект од времето на ренесансата.
1585  Пјер Ронсар — француски писател од времето на ренесансата.
1743  Ијасент Риго — важен француски барокен сликар и портретист.
1911  Штерјо Михајлов — учесник во македонското револуционерно движење.
1923  Густав Ајфел — француски инженер и градител на познатата Ајфелова кула.
1836  Ханс фон Сект — висок офицер во германската армија.
1938  Осип Манделштам — руски и советски поет и есеист.
1952  Рамадан Зејнели — писател за деца од албанската националност во Македонија.
1978  Крис Бел — американски поп-рок музичар, член на групата „Биг стар“ (Big Star).
2011  Хелен Франкенталер — американска сликарка.
Издвоен цитат
Image

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот
Image
Мошусно говедо (Ovibos moschatus) во Националниот парк Доврефјел, Норвешка.
Дали сте знаеле...


Ернест Радерфорд во 1920-тите
Ернест Радерфорд во 1920-тите


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 157.477 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Image Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Image Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Image Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Image Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Image Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Image
Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Image
Викиизвор — збирка на дела и книги
Image
Викивести — вести од светот
Image
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Image
Викицитат — збирка на цитати
Image
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Image
Викивидови — именик на видови
Image
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Image
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Image
Википодатоци— база на слободни знаења
Image
Википатување — туристички водич