Гробарите на модерната македонска држава.

Вие, господа, сте гробарите на модерната македонска држава.

Вие немате емоционален и духовен капацитет да ја водите Македонија.
За водење на една нација не е доволен само ментален и физички – потребни се сите четири димензии на лидерството: физичка, емоционална, духовна и ментална зрелост.

Време е да си одите.

Да си одите и да се трансформирате. Да станете лидери со целосен капацитет, па дури тогаш – ако сте способни – да се вратите на политичката сцена. Вакви какви што сте, неможете да го оправите системот бидејќи вие сте неговите креатори.

Системот не може да се промени со истиот начин на размислување со кој што е создаден. (Ајнштајн)

Image

Кочани е живиот доказ за ова што го велам.

Вие го уништивте до смрт. Но откако вашето влијание не е доминантно, градот почнува да заздравува – и покрај огромната траума. За само шест месеци привремениот градоначалник успеа да го намали долгот, да воведе ред (и покрај вашите обструкции) и да го врати угледот на општината.

Истото би се случило и во останатите општини доколку ве нема.

Вие сте креаторите на проблемот.

Овие 34 години вие бевте мајката, таткото и учителот на оваа држава. Одговорноста беше во ваши раце. Но вие создадовте корумпиран, криминализиран, бирократизиран, недисциплиниран, еколошки загаден систем кој денес го гледаме во слободен пад.

Вие создадовте Колективен Морален Распад на земјата.

Фросина згазена на Партизанска. Кочани. Трубарево. Росица…

Системот пука по сите шевови.

Времето на полумерки и козметски промени заврши. Потребна е системска трансформација која почнува со трансформација на оние што водат.

Ако не сте подготвени за таа трансформација, тогаш имате само една достоинствена опција:

Заминете.

Категории:Uncategorized

Tретата македонска револуција започна – во Кочани.

Вчера од таму пораката е јасна и гласна како бел ден:

“Не бараме револуција за менување власт, – бараме револуција за промена на колективната свест, револуција на мозокот и душата. “

А за оние, кои не разбираат што порачале од Кочани еве мала помош.

Image

Ако сакaме добри резултати ни требаат добри морални вредности

Едно истражување на Харвард универзитетот околу тоа како да создадете успешни млади луѓе довело до едноставен заклучок:

“Ако сакаш да направиш успешни луѓе, научи ги на високи морални вредности„.

Истото е вистина и за нашето општество и држава.

Успешна држава = високи морални вредности.

Ние во 34те години на независност сме го правеле спротивното, нашата колективна свест е доминирана од нашите познати рак рани: корупција, криминал, непотизам, недисциплина, бирократија, обвинувања, еколошкото загадување.

Така да револуцијата и пораката која тргнува од Кочани е едноставна.

Овие убиствени не-вредности мора да се заменат – тоа е промената на свеста.

Промената на свеста во една заедница започнува со промената на свеста кај нејзините лидери.

Од досега сработеното можам да констатирам дека видливи се никулци на надеж од страна на нашава сегашна влада.

Но знаејки го македонскиот менталитет и „Секое чудо за 3 дена„, треба да бидеме внимателни, но и будни се додека тектонски промени не се случат и станат видливи со голо око.

И затоа драги мои сограѓани би понудил уште една мудрост кога станува зборот за нашиве лидери:

Не слушајте што говорат – туку гледајте што прават!

Доста е! Нашето тонење завршува денес.

Сакам сите да викнете, најгласно што можете Доста е!

Да ги почуствувате и тагата и болката и неправдата и бесот и со сета нивна енергија да викнете: – Доста е!

Нека ве чујат сите.

И потоа силно со ногата да тропнете неколку пати војнички и одлучно во земјата и пак да викнете – Доста е!

Ова мора да е дното. На сите им е јасно дека вака повеќе несме и неможе.

Image


Ние мора колективно-системски, упорно и одлучно –  во континуитет да го бараме и да го одговараме и пак да го бараме, одговорот на прашањето:

Како ја уништуваме корупцијата, криминалот, непотизмот, бирократијата, обвинувањата, еколошкото загадување и создаваме ИСКЛУЧИТЕЛНА НАЦИЈА?

ИСКЛУЧИТЕЛНИ луѓе, ученици, студенти, граѓани, училишта, институции, болници, полиција, судови, тимови, организации, бизниси….

Ова прашање мора да биде нашето клучно прашање се додека не направиме видливи тектонски промени насекаде во системот.

Ова прашање мора да си го поставуваме и одговараме секој ден, прво во себе, а потоа во својата фамилија, секое село, град, одделение, училиште, месна заедница, институција, организација, фирма, тим, заедница, болница, министерство…. 

И не смее да чекаме нашите така наречени лидери да се освестат.

Туку упорно да им го поставуваме истото прашање и да им ги сугерираме нашите одговори на истото, се додека не научат и покажат ИСКЛУЧИТЕЛНИ РЕЗУЛТАТИ насекаде низ системот.

Резултати обоени со грижа, вистина, дисциплина, ред, закон, правда, успех, меритократија, одличност, квалитет, соработка, еколошка свест…

А на сите сограѓани или лидери на кои не им е чиста свеста – пак да им викнеме Доста е! Се додека не им се освести глават, и омекнат срцата.   

„Или се селиме, или живи гориме„…

Лошото лидерство и лоши вредности водат кон мизерни резултати

Оваа септичка јама, која смрди на корупција, криминал, бирократија, непотизам, обвинувања, еколошко загадување… мора да се исчисти.

Инфицирано е целото ткиво на системот. Од народот, институциите, обичните бирократи, судии, здравствениот систем па се до високите функционери.   

Резултатот е повеќе од очаен и поразителен. Истиот е прецизно отсликан во една едноставна парола деновиве:

„Или се селиме, или живи гориме„.

Какви се корењата, таков е и плодот

Почетокот на оваа смрдлива јама ја лоцирам пред се во недостатокот на психолошко-емотивна и  духовна зрелост кај нашите досегашни квази лидери.

Ова, ние го сведочиме и ни е прпознатливо во нивната ароганција, негрижа, егоизам, недостаток на интегритет, алчност и можеби пред се нивната непочит кон вистината.

Со други зборови, Македонија на жал досега не е водена од психолошко созреани и освестени лидери.

Ваквите луѓе (и не само кај нас), едноставно немаат капацитет да создадат повисок степен на вредности.    

И сега се поставува прашањето, како тие што ја создале јамата ќе ја исчистат и трансформираат? И дали тоа е воопшто возможно, бидејки проблемот неможе да биде решен со ист начин на дејствување со кој што бил создаден.

Што е решението?

Во суштина тоа е едноставно, но не е лесно.

Јамата треба прво од корен да се исчисти и штетните вредности (буквално да бидат уништени) и истите да бидата заменети со највисоките вредности.

На корупцијата да и се објави тотална војна во сите пори и институции. Нулта толеранција за корупцијата и истата да се заменува со транспарентност, меритократија, високи стандарди и пред се дисциплина.

Непотизмот да се замени со одличност, квалитет, меритократија по заслуга, вистински компетенции.

Криминалот со дисциплина, ред, почитување на законот и правилата и ригорозно казнување на се спротивно.

И така натаму со сите гореспомнати канцерогени не-вредности.

Но за ова да се случи потребно е вистинско и зрело лидерство, а не квази лидерството кое го напоменав погоре.

Image

Лидерство кое има железо во крвта, дисциплина, зрелост, снага, упорност, издржливост, интегритет, безкомпромисно да ја исчисти јамата.

Улогата на ваквото лидерството е да ги инсталира и менаџираат највисоките вредностите во културата. Ова е неговата првична и главна мисија.

– Зошто? Бидејки вредностите влијаат на однесувањата, а однесувањата на резултатите.

Ако ова не го направиме, тогаш ќе продолжиме да се селиме или гинеме по улици или дискотеки.

Лично верувам дека спротивното исто така е можно, а ќе знаеме дека овој успех сме го постигнале кога дел од оние кои се иселија ќе почнат да се враќаат назад.

Потврда дека ова е можно е латиноамериканската држава Ел Савадор на претседателот Наиб Букеле.

Од број еден земја по убиства, за само неколку години, Ел Салвадор – под дисциплинираното водство на Букеле е прероден во една од нај сигурните земји на светот.  Како резултат на тоа Ел Салвадор доживува економски бум и станува и најпосакувана туристичка дестинација.

Значи чудата се можни, но зрело и свесно лидерство е клучот.

Граѓаните не само што тоа јасно и гласно треба да го побараат од своите лидери туку и да го демонстрираат во „сопствените дворови„.

Категории:Uncategorized

Уништете ја недисциплина, направете ја неатрактивна и испорачајте одличност.

„Резултатите се поразителни„ – го констатираше неодамна министерот Панче Тошковски она што ние го живееме 34 години.

И навистина е така. Околу оваа изјава не го обвинувам човекот.

На само 2 недели по убиството на Фросина, и безброј полициски радари, статистиката од контролите е ужасна:

Скоро 20% од вкупниот број на исконтролираните коли биле:

а) нерегистрирани возила
б) возачите немале дозвола или
в) биле под влијание на алкохол 

Ова само ја потврдува реалността – дека недисциплината царува по асвалтот и воопшто.

И само за во контекст – репортер на гласот на америка, ја остава отворена камерата на 30 минути кај раскрсницата пред судовите и универзитетската библиотека и имате што да видите…на црвено се проаѓа како од шала. (видеото е достапно на фејсбук/гласот на америка)

Дополнително, момче од Косово пред два дена удира 2 пешака во Скопје (повредени и без жртви на среќа).

И…чаре?

Од констатацијата на министерот нема фајде.
Тоа ви е како децата да ви играат на сред „Партизанска„ а вие да си ги лакирате ноктите или пиете пиво во некој од локалите.

Она што е корисно во прикаската се бројкиве бидејки ако може да се измерат може и да се менаџираат.

И затоа од министерот но и од сите нас барам да испорачаме одличност и одлучност, како контра мерки на недисциплината, хаосот, безобразлукот, простотата, медиокритетот кој владее. И тоа не само на два/три дена.

Во конкретниот случај, од првиот човек на сообраќајната полиција и од самите полицајци, барам бројот на моментални радарски и контролни екипи да се зголемува низ целата држава – се до неделата во која на 10 000 проверени коли не повеќе од 1% од гореспоменатите прекршоци ќе бидат регистрирани. Нашата полиција за ова секако има ресурси.

А безбедносниот град е среднорочна мерка, која ќе ја поздравам кога ќе влезе во употреба. А до тогаш драги мои сограѓани од вас барам не-вредностите од нашето блато:
медиокритетот, непотизмот, корупцијата, лагата, криминалот, обвинувањата, еколошката несвест, бирократијата, финансиската неписменост…

веднаш, одлучно, посветено, храбро и безкомпромисно да ги замениме со одличност, меритократија, транспарентност, чесност, вистина, соработка, еколошка свест, финансиска мудрост.

Ова се неопходните културни промени позади системските промени кои ги посакуваме и кои ќе донесат подобар квалитет на живот, економски раст, нови можности за попродуктивни вработувања, а богами и некој од заминатите пријатели и роднини ќе ги вратат.

Затоа уште еднаш со големи букви:

ИСПОРАЧАЈТЕ ОДЛИЧНОСТ

——————————————————————————————-
Темите во овој блог детално се истражувани и опишани во книгата Дијамантско Лидерство. Нарачајте ја книгата и добијте ја со КАРГО ЕКСПРЕС на било која адреса во Македонија по цена од 600 МКД. Книгата ќе ви биде доставена лично на рака. Кликнете за нарачка на следниов линк.

Глуп – е човекот(народот) кој не учи од своите грешки

Господ, со својата мудрост или луцидност и со намера да го опамети и просветли неговото чедо (кое по природа е игнорантно и често глупаво, а во оваа трагедија Македонецот во 2025 година), му ја враќа ненаучената лекција од пред неколку години, на исто место и со исто име. Фросина.

Ова, господ го прави со неизмерна љубов кон нас и со цел да научиме и бидеме подобри како луѓе. 

Поправниот испит е секогаш пропратен со многу емотивна болка, бидејки така пак, лекцијата најдобро се учи. – Што е поголема болката, тоа е поважна лекцијата.

Мојата учителка и менторка во последните 15 години, вели вака:

– Ако сакаш да светиш (да се опаметиш), мора да гориш (да те заболи).

Во нашиов случај, грешк-ата/ите кој ја правиме е системска и повеќеслојна и допира во с’ржта на тоа кои сме и какви вредности имаме во себе и во нашите институции.

Но грешката е грешка само ако сме глупи, игнорантни е не научуваме од неа.

Ако на грешката рефлектираме т.е. застанеме и се запрашаме каде грешиме и што ќе научиме од неа и како ќе постапиме следниот пат во истата ситуација – тогаш грешката станува можност за учење, напредок и емотивни и ментално созревање.

Без рзлика дали си студент, министер за внатрешни, полицаец, ученик или….

ќе ве замолам да рефлектирате на следниве прашања и се со цел да научиме од грешкава и да не вергламе во калта на глупостта.


1. Што можам да научам од трагедијава/ситуацијава?
2. Што ќе направам поразлично во иднина?


Би сакал да ги чујам вашите мислења, а подолу се некои моите рефлексии на истиве прашања.

1. Недисциплината мора да се прекине што поскоро и да се замени со дисциплина, јасна и цврста граница и позитивно насочување.

Толерирањето на недисциплината денес, ја амнестира неодговорноста и создава идна почва за корупција, криминал, силување (емотивно/ментално/физичко) и на крај убиство. 

Мора да барам/е недисциплината да се санкционира и казни, а дисциплината да се негува и наградува (не обратно). Почнувајки од градинките, училиштата, институциите, билниците и од сите оние кои имаат превземено јавна должност. 

2. Од несовесните сограѓани, неодговорните и некомпетентните чиновници, судии, полицајци, јавни функционери – константно да им се „дише во врат„ да им се бара отчетност, професионалност и беспрекорност во извршувањето на функцијата за која што е платен/а со народните пари.

———————————————————————————————————
Темите кои ги опфаќа овој блог детално се истражувани и опишани во книгата Дијамантско Лидерство. Нарачајте ја книгата и добијте ја со КАРГО ЕКСПРЕС на било која адреса во Македонија по цена од 600 МКД. Книгата ќе ви биде доставена лично на рака. Кликнете за нарачка на следниов линк.

Категории:Uncategorized

Заев – “Трансформација или Лицемерие”, резултатите ќе покажат.


Почитувани: Zoran Zaev, Nikola Dimitrov, Љупчо Николовски, Бојан Маричиќ, Фатмир Бесими


Доколку Македонските граѓани/компании сакааат да ги достигнат своите највисоки амбиции и цели, ние мораме на ги корегираме вредностите и однесувањата во нашата култура.

Без да го постигнеме ова, ние немаме шанси за иднина поразлична од минатото во кое шлапкаме со медиокритетни резултати.

Вашата намера за носење на “Европските вредности дома” звучи одлично и ја поддржувам, но во исто време таа е и позната. Истава заложба ја слушавме и од Никола Груевски, а и од други премиери.

Image

А кога за вредностите само напразно се говори, а во реалноста, однесувањата се спротивни на изговорените вредности, тоа се вика хипокризија (лицемерие). За резултатите од хипокризијата и да не ни збориме, тие во континуитет не уназадуваат.  

Но зошто го пишувам ова?

Бидејки ако оваа ваша намера и стратегите поврзани со неа не се поддржани од трасформацијата на вредностите и однесувањата кај вас – лидерите лично, скоро и да нема шанси дека граѓаните, бизнисите, институциите и општетството ќе се трансформираат соодветно.

Културата и вредносите во еден систем се директен одсјај на вредностите на лидерот и лидерскиоо тим на тој систем.

Ако лидерите се корумпирани, вие може да ја имате најдобрата стратегија и медијска кампања досега направена, но корупцијата нема да се намали, може само да продолжи да се зголемува.

Според ова, вашата улога не да е битна – таа е најбита, прашањето е колку вие длабоко во вашите срца и битие сте искрени пред се кон себе, а потоа и кон народот?

Дали вие и вашата влада сте вистински лидери кои ќе го води општеството кон толку посакуваната трансформација или сте уште едни во низата на лицемери, тоа резултатите ќе покажат.
 
Улогата на лидерот (лидерите во еден систем) Е ДА МЕНАЏИРААТ СО ВРЕДНОСТИТЕ ВО КУЛТУРАТА.

Ајнштајн еднаш рекол:

”Поблемите неможеме да ги решиме со истиот начин на размислување (јас би додал и однесување) на кој што тие биле создадени”.

Го кажувам ова бидејки се плашам дека вашата/нашата најголема пречка во остварувањето на оваа намера е токму тоа, старите навики и однесувања кои нелесно се искоренуваат, а се длабоко закоренети кај сите нас во општеството.

Корупцијата, непотизмот, криминалот, бирократијата се толку длабоко навлезени во порите на општеството, што намерата за “Европските вредности дома”  и трансформацијата на културата е врховниот и најголемиот предизвик не само за вас, туку и за целото наше општество.  

Ова е огромен лидерски, психолошки и еволутивен процес кој воопшто не е лесен за имплементирање, но во исто време не е и невозможен. 

И во таа насока ќе бидамконструктивен, позитивен и практичен.

За успешна трансформација на вредностите и културата во едно општество, првиот неопходен чекор е да се мерат вредностите во националната културата и тоа макар еднаш годишно (како што тоа веќе еднаш е направено во 2009 за што и пишувам во книгата која ви ја подарив пред 4 години – “Дијамантско Лидерство”).

Ако не мерите, неможете да менаџирате.

Без мерење, овој процес е еквивалентен на управување со авион со заврзани очи. Мерењето ќе ви покаже кои се вистинските акупунктурни точки односно однесувања на граѓаните, институциите и бизнисите на кои треба да притиснете за да биде направена посакуванат промена.

Ова е системски процес

Дополнително, овој процес неможе и несмее да биде центализиран и да потекнува само од вас во владата – сопственоста и одговорноста за поквалитетна иднина мора да биде спуштена на граѓанско и мулти поларно ниво, инаку имплементацијата нема да функционира долгорочно.

Колку и да звучи неверојатно, овој процес побарува сеопшта коалиција на сите можи нивоа, од политички субјекти, државни институции, до бизнис заедница и целиот систем.

Вие и сите ние заедно треба да се надминема за еден ваков проект да биде успешно импламентиран.
 
Верувајте, ова што најискремо ви го пишувам е бидејки сакам еден ваков проект конечно да започне и да се е реализира кај нас.

Ова не е теорија туку е базирано на искуства од компании и нации кои нешто слично веќе имаат направено.

Истиов процес, побарува врвни лидерски, но и експертски знаења и вештини во областите на организациска и системска психологија и големи трансформативни интервенции. Тука искуствата во политиката се само од минорна вредносот – со други зборови сакам да ви кажам дека Ви е неопходна експертска поддршка да катализирата еден ваков процес.     

И бидејки ова е сериозна тема јас ви предлагам да пиеме едно кафе кога ќе сте слободни за да ви презентирам како Шведска, Ислан, Латвија, Австралија и многу други нации веќе го прават ова.

Најискрено и со почит,

В.К.

Зошто воведувањето на часови по СВЕСНОСТ е добра новост за нашите деца?

Деновиве, на фејсбук кружи една исклучително важна вест.

Не засега сите нас, нашето ментално здравје и благосостојба (well being).
Посебно и пред се го засега менталнто здравје на нашите деца кои во случајов се и најранливи.

Мојата мотивација за овој текст е во исклучителната важност на оваа вест, но и пред се во погрешниот превод на истата.

Затоа, уште на самиот почеток, треба да го корегираме вистинскиот наслов на информацијата.

Имено, таа деновиве патува низ социјалната мрежа како –

Училиштата во Англија воведуваат нов предмет – совесност.

Точната информација треба да биде

Училиштата во Англија воведуваат нов предмет – СВЕСНОСТ[1]

Да посочам со пример во што е разликата.

Свесен за важноста на информацијата и гледајки како кружи со грешен превод, мојата совест ми налага да го пишувам овој текст и вистински да ја информирам јавноста.

Совесноста ќе биде развиена како резултата на зголемената свесност.

И пред да продолжам, сакам да споделам уште една уште поголема новост во истиов контекст. Имено во Јуни ланската година владата на Индија го воведува истиот концепт за сите ученици од 1 до 9 одделение или
110 000 000 (110 милиони ученици) ќе практикуваат пракси на свесност[2].

Сега откако ја корегиравме вистината, сакам да објаснам зошто воведувањето на часови и пракси по свесност (mindfulness) е од исклучиво значење за менталносто здравје на нашите деца, но и за менталносто здравје на сите нас, вклучувајки го тука и целото човештво.

Во светот кој е превртен од горе надолу, каде што вредностите се изгазени и испрљани и каде што борбата за живот се движи од неуротично (и несвесно) трчање и грабање по егзистенција, загадување и уништување на природата….итн, -родителите на нашите деца, т.е. “НИЕ”, сме најблаго речено невротични, а реално сме понекогаш и полудени.

Епа, тогаш што мислите како им е на нашите деца кога го гледаат и му сведочат на ова лудило?
Како нашето (возрасно несвесно) влијае на менталносто здравје и развој на нашиве деца?  

Еве ќе го споделам личносто искуство. Во училиштето на моето дете нивото на агресија и насилство е на аларманнтно ниво!!! Инаку текстов е пишуван пред појавата на корона вирусот.

Свесни за штетните влијанија врз нивните деца, совесните Енглези, Индијци и ред други, воведуваат часови и пракси по свесност за нивните деца. Зарем ова не е логично?

Image

Праксите по свесност (mindfulness или ПРИСУСТВО во сегашниот миг[3] -крстете ги како сакате), како медитација, јога, а се дел од горенаведените програми, се неопходност не само за нашите деца, туку за сите нас доколку сакаме да си го зачуваме не само менталносто здравје, туку и животот.

Тие не враќаат кон нашато вистинско битие – кон нашата СВЕСТ и вистинска ПРИ – РОДА (кон сопствениот род = битие)
Не прават смирени, го намалуваат стресот, ни го зголемуваат имунитетот.
Не прават свесни, а потоа и совесни.

Покрај бенефитот за менталносто здравје на нашите деца (секако и за нас), овие пракси ќе имаат огромно влијание на долг рок.

Свесното дете, ќе биде поконцентрирано, посмирено, поздраво, подобар ученик. Кога ќе порасне, ќе биде свесен граѓанин кој ќе гради вредности, а поради тоа што е совесен ќе ги корегира штетните, канцерогени однесувања (корупција, непотизам, бирократија, криминал и насилство, обвинувања, еколошко загадување, необразованост….).

Нашите деца се агресивни, а ние сме полудени бидејки во брканицата наречена секојдневие, забораваме на тоа кој сме, забораваме да се осетиме како битија, да ја почуствуваме нашата вистинска природа – нашата свест.
Хаосот и лудилото кое го креираме секојдневно е резултат на немање контакт со оваа есенција.

Од несвесното е невозможно да се очекува совесно.

Ете затоа драги мои, воведувањето на праксите на СВЕСНОСТ во нашите училишта е добра и вистинска новост за која се надевам и верувам дека набрзо ќе читаме и во нашите медиуми.

А луѓето во министерството за образование подитно треба да воведат пракси за свесност во образобната програма на нашите деца.

[1] https://ind.pn/2BNjAt6

[2] https://wapo.st/2BOvvGU

[3] Моќта на сегашниот миг, Екарт Тол

————————————————

Темите во овој блог детално се истражувани и опишани во книгата Дијамантско Лидерство

Нарачајте ја книгата и добијте ја со КАРГО ЕКСПРЕС на било која адреса во Македонија по цена од 500 МКД. Книгата ќе ви биде доставена лично на рака. Кликнете за нарачка на следниов линк.

Од добро (3) – кон Одлично (5) “Само еден чекор не дели”

Што треба да направи новата влада, што ни една друга не го направила досега, а ќе предизвика огромна разлика?

Одговорот на ова прашање ќе го понудам во форма на две клучни изјави на двајца врвни светски бизнисмени и експерти во овој домен.

– Културата ја јаде стратегијата за доручек. Питер Дракер

– Ако не ја промениме нашата култура, нема никогаш да ги постигнеме нашите највисоки цели. Кеес Крутхоф – UNILEVER Brazil

Одговорот на горното прашање е единственото зборче што се повторува во двете изјави – токму така КУЛТУРА.

Новата Влада ќе има Одлични (5) резултати ако и само ако,
покрај новите стратегии, работи темелно на подобрување на вредностите на лидерите и културата во институциите.
Во спротивно, ќе вергла како и сите досегашни македонски влади.

Да појаснам: во организациски и бизнис контекст, културата се дефинира како збир на вредностите и однесувањата на луѓето во еден систем (тим, организација, нација). Културата е енергијата во тој систем и е одсјај на вредностите на моменталните и претходните лидери на системот.

Од мерењето на културата направено во 2009 во Македонија (за кое опширно пишувам во книгата Дејамантско Лидерство), се гледа дека во тогашната култура на нацијата, се наоѓаат 9 лимитирачки и крајно непродуктивни однесувања: невработеност, несигурна иднина, сиромаштија, корупција, бирократија, еколошко загадување, криминал/насилство, непотизам и обвинивања.
Истиве штетни однесувања зафаќаат 48% од сите наши колективни активности – или во превод, скоро секој втор ден во Македонија е непродуктивен.

Image
Овие лимитирачки однесувања тешко дека ќе се променат или исчезнат само со смена на владеачкиот тим, тие се длабоко вкоренети во ткивото и во ДНК-то на нашите лидери, бизниси, институции и граѓани и новното потекло оди далеку во претходните влади и лидери.

Дополнително, перфомансите или резултатите во еден систем/бизнис, можат накратко да се дефинираат со следнава равенка.

П = И х К

Перформансите се збир на активностите/стратегиите помножени со квалитетот на културата.

П – перформанси
И – Интервенции/стратегија
К – Култура

Е сега ако ја користиме равенката која ја дадов погоре, веднаш ќе стане јасно зошто културата е единствениот клуч кој недостасува и кој може да ја направи огромната разлика во стандарот и квалитетот на животот – кој сите со душа го посакуваме.

Ако културата ни е слаба, слаб ќе биде и крајниот перформанс, без разлика на квалитетот на стратегијата.

Секој тим може да создава нови стратегии. Можеме да имаме нови стратегии секој ден, но доколку стратегиите и активностите не се поддржани од културата тогаш џабе е и да имаме најдобра стратегија.

Треба да се работи на трансформација на штетните однесувања и нивната процентуална застапеност кај лидерите, во бизнисите и во државните институции.

Само промената на вредностите во културата на сите нивоа, ќе го донесe посакуваниот економски раст и ќе го зголеми квалитетот на животот на граѓаните.

Културата е клучот кој треба и мора да биде примарната стратешка определба не само на оваа туку на секоја последователна влада – во спротивно продолживме да вергламе.


Дознајте повеќе за вашата организациска култура и како истата влијае на вашите перформанси, продуктивност и профит…повеќе

Промена сега-веднаш и “U” вртење на целиот систем

Текстот е извадок од книгата Дијамантско Лидерство

…На корпорацијата „Македонија“ ѝ е неопходна „U-теорија“, во реалноста и симболички.

Во англискиот жаргон поимот „U Turn“ се преведува како „U завртување“ и значи вртење во правец што е тотално спротивен од оној по којшто се одело или се оди во моментот.

U-Turn-Sign-K-7180

Лидерите на корпорацијата „Македонија“ (слично како многу светски лидери) користат застарени, непродуктивни и неодржливи методи на владеење (даунлоудираат со своите монолози и дебати) и со тоа ја задушуваат креативната и иновативна енергија во системот.

Стилот на лидерите на корпорацијата „Македонија“ е реактивен.
Двете најсилни политички партии комуницираат со меѓусебни пингпонг-обвинувања – не со дијалог. Крајните резултати се погубни и непродуктивни за целиот систем. Дополнително, тие владеат со заплашувања и страв и токму поради ова, сметам дека е неопходно „U-вртење“. Со ваквите застарени методи (кои им припаѓаат на 19 и 20 век) не можат да се решаваат предизвиците и проблемите во 21 век и, доколку се продолжи, во овој ќор-сокак, корпорацијата „Македонија“ има многу мали шанси да го постигне посакуваниот економски раст и да го подобри квалитетот на живеење кај своите граѓани.

%d1%83%d0%bd%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%b2%d0%b5%d1%80-%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%b0

Не може да ги решаваме проблемите со
истиот начин на размислување на кој тие
се создадени.
~ Ајнштајн ~


Темите во овој блог детално се истражувани и опишани во книгата Дијамантско Лидерство

Нарачајте ја книгата и добијте ја со КАРГО ЕКСПРЕС на било која адреса во Македонија по цена од 600 МКД. Книгата ќе ви биде доставена лично на рака. Кликнете за нарачка на следниов линк.


Дополнителни ресурси:

U lab Macedonia

U Lab MIТ – Глобална

Design a site like this with WordPress.com
Започни