Skip to main content

Posts

Featured

Викингшки дневник бр.31 – Јадранско море, пролет 2026та

Во овој дневник ќе пишувам за патувањето од Пиреја до Чивитавекија преку Кјоџиа (мало гратче јужно од Венеција). Главни настани се посетата на местата кои не ги видов лани со Марс поради ИПМ, овој пат имав обратен распоред на ИПМ и максимално го искористив. Па да почнеме со ред. Прв порт беше Катаколон, мало селце на Пелопонез со порт и единствена причина поради која бродовите застануваат тука е бидејќи е блиску до местото каде што се одржувале античките олимписки игри. Доколку не си пријавен за тур-ескорт нема што да се прави тука. Додуша има две плажи кои изгледаат ОК, ама јас не сум обожавател на плажи, па воопшто не излегов од бродот. Потоа следеше Крф ама бев ИПМ. Најинтересно е што прва реклама што ми излезе на ФБ беше туристички аранжман за 7 дена тука. Ама затоа пак Котор, со душа го чекав. Овој пат тргнав кон трговскиот центар Камелија кој е на помалку од пет минути пеш од бродот, ама прво си земав бурек од пекара. Веднаш до трговскиот има пекара и внатре имаше маж и жена,...

Latest Posts

Викингшки дневник бр.30 – Повторни средби на новиот брод - Викинг Сатурн

Викингшки дневник бр.29 – До гледање Викинг Сии

Викингшки дневник бр.28 – Почнав да одам во теретана

Викингшки дневник бр. 27 – Дојде Махараџата

Викингшки дневник бр. 26 – Ги сакам источните карипски острови